На натпреварот од Светското клупско првенство помеѓу Ривер Плата и Реал Мадрид за фудбалери до 18 години во 35. минута се случи бизарно исклучување.
Исклучувањето на натпреварите е секако составен дел од фудбалот, но таква бизарна ситуација што му претходеше на црвен картон не се гледа секој ден.
Фудбалерот на Ривер Плата веќе беше на земја па случајно го закачи играчот на Реал Мадрид со петицата, а судијата не размислуваше долго и веднаш го исклучи.
Во второто полувреме, фудбалерите на Мадрид искористија повеќе играчи на теренот и постигнаа победа од 2-0 со головите на Гаридо (51′) и Бугарин (67′).
Реал Мадрид ќе го продолжи ова натпреварување и го чека својот противник во полуфиналето, а се големи фаворити и за освојување на самиот трофеј.
Преостанатите парови од четвртфиналето се Палмеирас – Севиља, Расинг Клуб – Реал Бетис, Барселона – Коринтијанс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

