Несекојдневна ситуација во Австрија: Среде меч се појави дупка на терен (ВИДЕО)

Несекојдневна ситуација синоќа на дуелот на кој Австрија со 1-0 го победи Кипар во квалификациски меч за Светското првенство 2026.

На помалку од 15 минути пред крајот на натпреварот се појави голема дупка на теренот. На никого не му беше јасно како настанала, а австрискиот голман Александер Шлагер се обиде и да демонстрира колку е длабока.

Потоа дупката се пополнуваше со кофи земја, па по нешто повеќе од пет минути прекин натпреварот продолжи.

Се вчитува...