Актуелниот шампион Магдебург со победа на домашен терен над Пари Сен Жермен од 37-31 ја стартуваше одбраната на титулата во Лигата на шампионите.
Во првиот дел и двата тима играа без одбрани, нешто во што подобро се снајдоа домаќините кои по 30 минути имаа позитива од четири гола 21-17. Во вториот дел европскиот првак успеа да ја задржи предноста и на крајот да слави со конечни 37-31.
Феликс Клар со десет гола беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 11 погодоци на Камил Сипжак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

