Халанд е „гол машина“: Најбрзо до 50 голови во ЛШ

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд стана рекордер во најсилното натпреварување со гол во победата на Манчестер Сити над Наполи (2:0) во првото коло од Лигата на шампионите.

Во само својот 49-ти натпревар во елитното европско натпреварување, тој го постигна својот 50-ти гол, за кој му беа потребни најмалку натпревари.

Халанд го сруши претходниот рекордер Руд ван Нистелрој , на кого му беа потребни 62 натпревари за 50 гола во Лигата на шампионите. 

На прес-конференцијата по натпреварот, новинарите го прашаа тренерот Пеп Гвардиола за настапот на Халанд.

„Што можам да кажам за таков голгетерски настап? Бројките на Ерлинг доволно кажуваат. Имаме среќа што го имаме. Само сакам да му честитам затоа што е со голгетери како Ван Нистелрој и Левандовски, но особено со тие две чудовишта Кристијано и Меси. Неверојатно е што Ерлинг е веќе меѓу нив.“, изјави Гвардиола. 

Се вчитува...