Србија очигледно ја губи битката за талентираниот кошаркар Андреј Стојаковиќ, син на легендарниот Предраг Стојаковиќ. Веќе некое време се шпекулира дека Андреј бира помеѓу Србија, земјата од каде е неговиот татко, и Грција од каде е неговата мајка, а според пишувањата во Грција, веќе има одлучено.
Како стојат работите, веќе има одбрано да настапува за земјата на неговата мајка, Алека Камила. Ова го потврди и претседателот на кошаркарскиот сојуз на Грција.
„Ќе видиме… Навистина сакаме да игра за нашата репрезентација. Наскоро се ќе се знае. Имавме контакти, и добивме позитивни сигнали“, откри првиот човек на грчката кошарка Вангелис Лиолиос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

