Елмин Растодер има сезона за паметење во дресот, откако оваа екипа во првата сезона по враќањето вли елитата успеа сензационаллно да ја освои титулата во швајцарскиот шампионат. Меѓу најзаслужните е токму Растодер, кој со 13 погодоци беше меѓу најдобрите поединци во дресот на Тун цела сезона, привлекувајќи го вниманието на тимови ширум Европа.
Нашиот 22-годишен голгетер има само уште една сезона од актуелниот договор со Тун, јасно е дека клубот сака да ја продолжи соработката, но Растодер во меѓувреме добил и бројни интересни понуди.
Грчкиот гигант Панатинаикос се вклучил во трката испраќајќи понуда за да го доведе Растодер во тимот летово, а можен е и трансфер во Лион откако поранешниот француски клуб исто така почнал преговори за овој напаѓач. Германски „Скај“ објави и дека неколку германски клубови исто така ја следат ситуацијата, подготвувајќи понуди што ќе бидат испратени летово.
Едно е јасно, Растодер ќе биде на слатки маки да избере каде ќе ја продолжи кариерата, ако Тун реши да го продаде и да заработи летово, наместо да дозволи тој следното лето да си замине како слободен играч од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
