Кошаркарската Евролига летово ќе биде посиромашна за уште едно големо име, откако Јан Весели објави дека става крај на својата професионална кариера.
Чешкиот центар наполни 36 години, со успех ги брани боите на Барселона, на маса имаше понуда од Партизан, но сепак реши на крајот од оваа сезона да му каже збогум на професионалното играње.
„По толку многу незаборавни години, дојде време да се затвори поглавјето од мојата кошаркарска авантура. Од Белград со Истанбул и Барселона, бев привилегиран да бидам дел од бројни борби, да имам извонредни соиграчи, тренери, најлојални навивачи, бројни победи и тешки порази, вртлози од емоции и колекција од спомени што ќе останат во мене цел живот. Дадов се на кошарката, добив уште повеќе за возврат. Заминувам со благодарност и со гордост. Имаме уште два месеци борба во АЦБ-лигата, а јас ќе останам максимално фокусиран до самиот крај до последниот меч. А од септември, се гледаме од трибините“, порача Јан Весели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
