„Оваа генерација ракометари може да ги надмине резултатите и на онаа златна генерација со Мојсо, Кире, Ванчо, Алуш, Борко…“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, повторно тема е ракометот, а наши гости се претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов и легендата на овој спорт во Македонија, Филип Миркуловски.

Филип Миркуловски долги години со голем успех го носеше дресот на Македонија, сега повторно е дел од националниот состав, како координатор на сите машки селекции дел од стручниот тим на Кире Лазаров, па во очување на двомеч баражот против Словачка, за пласман на СП 2027, со Миркуловски и компарација на  онаа негова златна генерација која досега ги постигна најголемите успеси на македонскиот ракомет со оваа денешната која е пред ново мундијалско учество.

Миркуловски, верува дека оваа генерација може да ги надмине и резултатите на онаа негова златна генерација со Кире Лазаров, Наумче Мојсоски, Стевче Алушовски, Стојанче Стоилов, Борко Ристовски, Ванчо Димовски…., која ја радуваше Македонија и со петтото место на ЕП во Србија, и со одличните настапи на СП во Катар и Хрватска….

„Имаше доста убави резултати таа наша генерација, но сите предуслови се создадени да оваа генерација има можеби подобри резултати, бидејќи е поискусна во однос на учества на европски и светски првенства. Кузмановски веќе има седум, осум, девет, десет првенства. Тоа е големо искуство. Ќе знаат како да се носат со притисокот“ – вели Миркуловски, и дополнува:

„Имаме добар селектор во името на Кире Лазаров, кој исто така бил учесник на големи европски настани, со големо искуство… Тука сме и ние да им го пренесеме тоа искуство, и доколку разберат, доколку тренираат, доколку максимално се вложат во работата, сигурен сум дека ќе имаат исто така идентични, ако не и подобри резултати како нашата генерација“.


======================================================

ЗАСЛЕДЕТЕ ГО НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ

==================================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВ И СО ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА….

Се вчитува...