Иако долго време се чинеше дека тоа никогаш нема да се случи, Јанис Адетокумбо би можел да ги напушти Милвоки Бакс ова лето.
Двократниот МВП на НБА и шампион со Бакс од 2021 година со години нагласува колку многу му значи Милвоки и како го смета клубот за свој втор дом. Сепак, ситуацијата постепено се менуваше во последните сезони. Управата не успеа да донесе доволно квалитетна помош во борбата за титулата, а клубот смени дури четири тренери за три години.
Сè кулминираше оваа сезона. Јанис имаше проблеми со коленото, и иако мислеше дека е подготвен да се врати, клубот не му дозволи да игра. Тоа дури доведе и до истрага на НБА поради сомневања дека Милвоки намерно губи натпревари за да обезбеди подобра позиција на драфтот.
Грчката суперѕвезда беше незадоволна и од помалиот број одиграни натпревари минатата сезона, што наводно го чинеше неговиот договор со Најк.
Според ESPN, Бакс сега се подготвени да слушнат понуди за нивната најголема ѕвезда, а за возврат би барале млади играчи и пикови на драфтот. Ко-сопственикот на клубот, Џими Хаслам, неодамна изјави дека во следните неколку недели ќе се одлучи дали Јанис ќе остане или ќе ја продолжи кариерата во друга средина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
