Џеко во друштвото на мундијалски „супер-дедовци“

Един Џеко е меѓу најзаслужните што селекцијата на БиХ стигна до пласман на вториот фудбалски мундијал во својата историја, а легендарниот напаѓач сега се најде во одбрано друштво – на „мундијалски супер дедовци“.

Имено, Џеко неодамна наполни 40 години, со што ќе стане еден од петмината фудбалери влезени во петтата деценија од животот кои ќе настапат на претстојниот мундијал.

Листата очекувано ја предводи Кристијано Роналдо, тука ќе биде и Лука Модриќ, а покрај Џеко во ова одбрано друштво се уште и мексиканскиот голман Очоа и португалскиот ветеран Пепе.

Рекордот за највозрасен фудбалер со настап на СП ќе остане сопственост на Есам ел Хадари од Египет, кој одигра мундијалски меч на возраст од 45 години и 161 ден.

Се вчитува...