Брансон го оперираше зглобот, следува пауза од неколку месеци

Кошаркарот на Њујорк, Џејлен Брансон, беше опериран на левиот зглоб и се очекува да биде подготвен за почетокот на новата сезона, во која Њујорк ќе ја брани титулата шампион на НБА, објавија денес американските медиуми.

Според извор запознаен со ситуацијата, Брансон треба да ги продолжи кошаркарските активности подоцна во текот на летото. Засега, клубот официјално не ги објави деталите за операцијата.

Брансон и покрај повредата, беше еден од клучните играчи на Никсите на патот до првата титула во НБА од 1973 година.

Најкорисниот играч од финалната серија постигна 45 поени во петтиот натпревар против Сан Антонио, со кој Њујорк ја потврди шампионската титула. Во четвртиот натпревар, тој постигна 36 поени и ги предводеше Никси до историски пресврт откако заостануваа со 29 поени.

Се вчитува...