Екипата на Шкендија е подготвена за дебито во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА, а тетовци во пресрет на историскиот дуел со Рајо Валјекано го објавија и новиот дизајн на дресовите.
Боите се исти, црвено-црни, но изгледот е нешто поразличен во однос на дресовите со кои Шкендија ја почна оваа историска сезона.
Како што информираат од таборот на тетовскиот клуб, цената на овие дресови изнесува 60 евра за возрасни и 50 евра за детските дресови.
„Носете ги боите на вашето срце, носете го дресот на Шкендија“, порачаа тетовци преку објавата за новите дресот на официјалната клупска страница на фејсбук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

