Новата сезона во кошаркарскиот шампионат во Македонија почнува во петок со мечот во кој актуелниот шампион МЗТ Скопје во „скопското дерби“ ќе ја пречека екипата на Маџари во СЦ „Јане Сандански“.
Слично како и во фудбалската лига на Македонија и кошарката ќе биде развлечена во четири дена поради ТВ преноси. Во сабота Гостивар ќе го пречека Тиквеш, додека во недела ќе се одиграат три натпревари: Феникс – Ангели, Чаир – Куманово и Кожув – ТФТ. Воведното коло ќе биде затворено со дуелот во понеделник меѓу Пелистер и Работнички.
1. KОЛО:
ПЕТОК:
МЗТ СКОПЈЕ – МАЏАРИ
САБОТА:
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ
НЕДЕЛА:
ФЕНИКС – АНГЕЛИ
ЧАИР – КУМАНОВО
КОЖУВ – ТФТ
ПОНЕДЕЛНИК:
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

