Еден од најдобрите македонски кошаркари Андреј Јакимовски и неговиот Тренто успеаја да стигнат до првиот триумф сезонава во Еврокупот, откако вечерва славеа на гостувањето кај Будуќност со 96-107.
Клучна во натпреварот беше третата четвртина во која Јакимовски и неговиот соиграчи постигнаа триесет поени добивајќи ја со плус осумнаесет (12-30). Нашиот репрезентативец беше втор најпрецизен кошаркар во својот тим постигнувајќи 15 поени, додека Тренто го предводеше Џоунс со 24 поени. Кај поразените Мејс заврши со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
