ЕКИПА во Гент,
Горан Бошев
Одличен натпревар за Ѓоко Зајков во македонската одбрана која го извлече големиот бод на гостувањето против Белгија во квалификациите за СП 2026.
„Одигравме храбро и дисциплинирано во одбрана. Еден ваков противник не ве остава секогаш да се надигрувате со него како што сте планирале, или сакате, но покажавме дека сме храбри дека секогаш оставаме срце за Македонија и за тоа бевме наградени. Според мене ова е голем бод, посебно на гости против една Белгија. Беше тешко денеска во одбраната, не само за нас тројцата стопери, но и за Столе на голот кој беше одличен но и сите во средниот ред и нападот кој целосно беа вклучени во мечот и знам колку гинеа на терен“ – ни изјави по мечот Зајков, притоа дополнувајќи:
„Но, треба да останеме цврсто на земја, и сега добро одморни да пристапиме на дуелот против Казахстан на кој секако ќе атакуваме на трите бода. Тие три бода ни се важни за задржување на лидерската позиција пред последните натпревари во квалификациите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

