Фудбалерите на Јувентус вечерва на „Олимпико“ играат против Лацио, во меч од 8. коло од Серија „А“. Гостите од Торино ќе го дочека мечот во главниот град во лоша атмосфера, откако тимот нема победа веќе седум кола, од кои последните два беше поразен од Комо и од Реал Мадрид.
Хрватскиот тренер Игор Тудор е пред отказ, но е охрабрен по добрата партија во Мадрид.
„Се чувствувам одлично. Чувството по гостувањето во Мадрид е позитивно, и покрај поразот. Постои желба за работа“, изјави Тудор.
Се повеќе се шпекулира дека ако Јувентус не го победи Лацио, Хрватот би можел да добие отказ.
„Страв од отказ? Не се плашам од отказ, воопшто немам таков страв. Не сум загрижен за инднината, едноставно уживам во неа и добро се справувам со тешкотиите, затоа што тоа ми дава сила. Најважно за мене е тимот да биде мотивиран за победа“, рече Тудор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

