Дибала ќе прифати помала плата за нов договор со Рома

Фредерик Масара ќе мора да се справи со неколку тешки прашања во јануари, вклучувајќи ги и договорите на Зеки Челик, Лоренцо Пелегрини, Стефан ел Шарави и Пауло Дибала.

Случаите со првите тројца и натаму се отворени, а приоритет за „волчицата“ е нов договор на Дибала, објавуваат италијанските медиуми. Аргентинецот кој беше често повреден во изминатите сезони, во моментов заработува 8 милиони евра по сезона, но играчот е подготвен да ја намали платата да остане во Рим. Преговорите ќе почнат наскоро, објавува „Кориере дело Спорт“.

31-годишниот Дибала е дел од Рома од 2022 година, а претхдоно беше седум години во Јувентус. За Аргентина одигра 40 меча, во кои постигна четири голови.

Се вчитува...