Веќе нема никаква дилема, Лучијано Спалети ќе биде стратегот што ќе го наследи Игор Тудор на клупата на Јувентус откако поранешниот италијански селектор ги договорил сите детали околу преселбата на клупата на „старата дама“.
Клучна работа во преговорите во последните 24 часа беше должината на договорот, Спалети инсистираше да не биде „привремено решение“ и да добие договор подолг од една година, а Јувентус инсистираше на пократка соработка. На крајот, двете страни си подадоа рака, договорот ќе биде со важност до јуни 2026 година, но и автоматско продолжување за уште една сезона доколку Јуве обезбеди учество во Лигата на Шампионите.
Тоа ќе биде првата зацртана цел пред новиот тренер, откако по бројните загубени бодови под водство на Тудор стана јасно дека „старата дама“ е предалеку од трката за титулата.
Воедно, италијанските медиуми ги објави и финансиските детали од договорот, Спалети ќе заработи три милиони евра до крајот на сезонава, а доколку биде активирана клаузулата за продолжување на соработката, неговата плата во 2026/27 ќе изнесува четири милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

