ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија – специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“. Проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!
=====================================================
Во деветтата епизода на „ПРЕСИНГ“ ексклузивен гостин најголемиот ракометар на сите времиња во светот – ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ. Човекот со најголем број освоени титули во историјата на екипните спортови во светот. Како играч, трократен европски клупски шампион, златен и бронзен медал од Олимписки игри, светски и европски шампион со Југославија, а на сето тоа како тренер и селектор, светски шампион со младинската селекција на Србија во 2005, бронзен на Светското првенство 2017 со селекцијата на Словенија и полуфиналист на Олимписките игри 2000 со селекцијата на СР Југославија. И уште бројни, бројни, титули во националните шампионати со клубови и репрезентациите за кои настапувал како играч и ги водел како тренер.
Човек што или го сакате или не… кај кого нема средина. Човек што секогаш е директен, реален, човек со став што не премолчува, без разлика дали тоа им се допаѓа на другите или не…
Легенда како ниту една друга, со бројни блескави моменти како играч, но и како тренер, но за нас, посебно драго, и блиску поврзана со македонскиот ракомет со години и години наназад. Човекот кој со доаѓањето во 2006 година во Македонија, експресно станувајќи миленик на вардаровите „Комити“ и тоа како помогна ракометот да се издигне во спорт број еден во Македонија!
Овој пат со отворени разговори за комплетните состојби на Балканот – ред спорт, но и ред политика.
РАЗГОВОРИ ЗА…
- Вардар и за фактот дека никогаш не би можел да тренира друг клуб во Македонија, освен Вардар!
- За некогашниот ривалитет меѓу Вардар и Металург… За ривалитетот и со Лино Червар!
- За тоа како стана миленик на „Комитите“…., и моментот кога спасуваше навивач на Вардар пред полицаец во салата „Кале“
- Зошто сега ракометот на Балканот заостана зад оној скандинавскиот, или германскиот и шпанскиот?
- Зошто од просторите на поранешна Југославија веќе нема ниту еден клуб кој нешто значи во Европа?
- Дали Веселин Вујовиќ некогаш имал понуда да биде дел од оној Вардар на Сергеј Самсоненко?
- Како дојде одлуката во 2006 година да дојде во Македонија и да остане цели шест години во Вардар
- Како успеа да го донесе Стојанче Стоилов од, тогаш, најголемиот ривал Металург во Вардар?
- За големиот инцидент во Битола, како играч, на дуелот меѓу Пелистер и Металопластика во Првата лига на Југославија
- За Кире Лазаров и неговата работа како селектор на Македонија и за новиот ракометен клуб Алкалоид кој е веќе рамо до рамо со Вардар и Пелистер во македонскиот ракомет
- За актуелната политичка ситуација во Србија и дали се соочува со притисоци откако јасно даде поддршка за студентските движења против претседателот Александар Вучиќ
- Што се случува со спортот во Србија на репрезентативен план? Ракометот го нема никаде, кошаркарите потфрлија, фудбалерите се далеку и од бараж за Светско првенство, одбојката тоне…!
- За тоа како Веселин Вујовиќ, Новак Ѓоковиќ, Дејан Бодирога…. и еден куп спортисти станаа „државни непријатели број еден“
- Дали повторно би се вратил во македонскиот ракомет?
ГЛЕДАЈТЕ И ЗАСЛЕДЕТЕ ГО ЈУТЈУБ-КАНАЛОТ НА „ПРЕСИНГ“…
================================================
ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА „ПРЕСИНГ“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

