Е. Пелистер ја прослави втората победа во ЛШ сезонава, а битолскиот клуб работи на ново големо засилување, по информацијата дека се наоѓа во завршна фаза од преговорите со Деан Бомбач.
Словенечкиот бек имаше блескава кариера бранејќи ги боите на Пик Сегед и на Киелце, на 36-годишна возраст тој ги брани боите на унгарски Ѓер, но уште пред извесно време беше најавено дека Бомбач размислува за трансфер среде сезона. Словенецот беше поврзуван со неколку екипи, но последните информации говорат декa негова следна дестинација ќе биде Македонија, и тоа шампионот Пелистер.
Нема сомнеж дека тој би донел искуство во бековската линија на „зелено-белите“, но останува да се види дали овој трансфер ќе биде официјализиран и Бомбач ќе биде адут на битолчани во клучниот дел од сезоната.
Во меѓувреме, Пелистер ги продолжува и преговорите со Фухсе Берлин за Нејт Цехте, за можноста словенечкиот десен бек да се врати назад во Бундес-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

