Белфаст е потресен од неверојатен скандал откако тренер од младинската лига сподели ценовник за кокаин во групен разговор. Објавата беше веднаш отстранета, но последиците останале, а клубот веднаш реагирал и го ибркал тренерот.
Тренерот го објавил ценовникот во група на апликацијата „WhatsApp“ која била посветена околу организацијата на мечеви на младинската екипа. Листата содржела датуми, локации за состаноци и износи, како што вели тој „вистински пакетчиња“.
Во пораката се наведува дека плаќањето е исклучиво само во кеш. Во групата во која била објавена пораката, има околу 400 тренери од повеќе од 300 тимови. Групата првенствено се користи за договарање на термини на натпревари.
Клубот покрај тоа што го избрка тренерот, истакна дека ќе ги следи сите протоколи за верификација пропишани од Фудбалската асоцијација на Северна Ирска. Исто така изразија шокираност од случката. Тренерот чие име не се споменува, ќе биде гонет и кривично поради набавка и трговија на дрога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

