Александер Лотериер, поранешниот француски голман кој настапуваше заедно со Нејмар во ПСЖ откри интересна анегдота поврзана со легендарниот бразилски фудбалер, откривајќи го неговиот најголем страв.
Лотериер објасни како бил шокиран од една ситуација, а брзо добил и појаснување за најголемиот страв на Нејмар.
„Бев шокиран. Тренигавме во тренинг центарот и кога отидов во соблекувалната во видов Нејмар како седи на тоалетот и врши нужда, но со отворена врата. Веднаш излегов, а Абду Диало сфати дека се прашувам што се случува“, вели Лотериер.
Набргу добил и појаснување од соиграчот дека Нејмар има клаустрофобија, страв од затворени места па никогаш не заклучува врата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

