Фановите на Сантош го слават големиот Нејмар откако легендарниот голетер се покажа клучен на уште еден важен меч во битката за опстанок.
Сантош му гостуваше на тимот ннна Жувентуде, дуел што прославениот клуб го доби со 0-3 токму благодарение на Нејмар, кој постигна хет-трик во второто полувреме. Успехот е уште поголем ако се знае дека големиот ас се мачи со повреда на коленото, лекарите му препорачаа мирување до крајот на годинава, но Нејмар покажа карактер, стисна заби и не само што помага, туку е апсолутен лидер во овие клучни битки.
Воедно, со последниот хет-трик тој стигна до бројката од 150 гола за Сантош во кариерата, со што се искачи на 11. место на вечната листа на стрелци на бразилскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

