Далиќ: На Тухел му беше криво што ќе игра со Хрватска…

Хрватска е светска вицешампион, но ФИФА ги смести „коцкестите“ во вториот шешир на денешната ждрепка. Оваа балканска селекција ќе биде дел од групата Л каде ќе се бори со селекциите на Англија, Панама и Гана.

Селекторот Златко Далиќ не беше најзадоволен од ждрепката, но сепак верува во добри и резултати на својата селекција на претстојниот мудијал.

„Секако дека можеше и полесно. Особено говорам за последниот шешир, каде имаше многу послаби селекции од Гана, репрезентација што има сила, брзина… и сигурно ќе ни создаде проблеми. Целта е јасна, најпрвин да ја минеме групата, а потоа да стигнеме што подалеку. Могу ќе биде важна првата средба, вообичаено играме добро на отворањата на мундијалите, се надевам дека тој тренд ќе продолжи и следното лето“, изјави Далиќ.

Тој откри и каков бил ставот на англискиот селектор Томас Тухел со кого се видел накратко по ждрепката.

„Не му беше сеедно, напротив – му беше криво што е во група со нас. Ми кажа дека нашите две селекции треба да играат четвртфинале, а не да се среќаваат така рано. Јасно е дека и тој дуел со Англичаните ќе биде многу важен за нас“, прокоментира хрватскиот селектор.

Се вчитува...