„Да не се лажеме, Вучиќ го донесе Жељко во Партизан“

Заминувањето на Жељко Обрадовиќ од Партизан се уште е главна тема во српската јавност, па денеска свој коментар даде и првиот човек на Кошаркарската Федерација на Србија, Небојша Човиќ.

Според него, политичката конотација на оставката поради Александар Вучиќ е смешна бидејќи токму српскиот претседател е тој што обезбедил средства за Обрадовиќ воопшто да се врати во Партизан.

„Да не се лажеме, знаеме кој го доведе Обрадовиќ. Да не беше Александар Вучиќ, Жељко немаше да дојде назад, со тој потег на претседателот се крена нивото и на Партизан и на Црвена Звезда. Обрадовиќ си замина затоа што веќе немаше никаква контрола над екипата, зошто беше тоа така треба да анализираат луѓето од клубот“, истакна Човиќ.

Долгогодишниот прв човек на Црвена Звезда не ја пропушти можноста да ги критикува навивачите за атмосферата создадена за време на последниот меч со Баерн, на кој беа исвиркувани кошаркарите на „црно-белите“.

„Во кошарката сум речиси 60 години и такво нешто немав видено. Делуваше вирусно, да не кажам болно, беше крајно грди и понижуваки. Како да имаше две групи навивачи, едните навиваа за Партизан, а едните за Жељко Обрадовиќ. Јас го почитувам Жељко како голем тренер, но секогаш сум велел дека е лошо, дури и опасно да се гради култ околу некоја личност“, вели Човиќ.

Се вчитува...