Лионел Меси ја исполни мисијата поради која пристигна во САД, откако вечерва со својот Интер Мајами се закити со титулата во МЛС-лигата.
Ривал на Интер Мајами во финалето беше Ванкувер, Меси од другата страна го имаше Томас Милер, но Аргентинецот и соиграчите одиграа одличен меч славејќи со 3-1.
Интер Мајами имаше и многу среќа откако при 1-1 противникот во рок од пет секунди три пати го погоди дирекот. Неколку минути подоцна, Меси му асистираше на Де Пол при погодокот за 2-1, пред Алиенде во 96. минута да ги постави конечните 3-1 во ова финале.
За аргентинскиот генијалец ова беше 48. трофеј во кариерата, уште еден доказ дека Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

