Лео Меси го предводеше Интер Мајами до титулата во МЛС-лигата, а аргентинскиот ас успеа и да ги собере сите индивидуални признанија во оваа натпреварувачка сезона.
Аргентинецот имаше сезона за паметење, ја освои „златната копачка“ за најдобар стрелец, беше избран за МВП на регуларниот дел од сезоната, а по финалето со Ванкувер го освои и трофејот за МВП на плејофот откако Меси испиша историја како прв со вкупно 15 голови и асистенции во доигрувањето за титулата во американскиот шампионат.
„Пресреќен сум, ова беше една од зацртаните цели кога доаѓав во Интер Мајами, задоволен сум што ја остваривме. Лани бевме први во лигата, но потклекнавме на првата пречка во плејофот, овојпат не дозволивме такво нешто. Горд сум на целиот тим, но би ја искористил можноста да се осврнам на Алба и на Бускетс, кои со трофеј ги завршија своите фантастични кариери и сега ќе тргнат во ново животно поглавје“, изјави Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

