Чешките медиуми објавија дека Славен Билиќ би можел да ја преземе нивната репрезентација. Во квалификациите за Светското првенство, Чешка го освои второто место во групата со Хрватска, а во март ќе играат во Прага против Ирска. Победникот од овој дуел пак ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Македонија и Данска.
Прв кандидат за клупата на Чешка по заминувањето на Иван Хашек беше Јиндрих Трпишовски, сегашниот тренер на Славија Прага. Но, тој засега ја одби понудата, велејќи дека сè уште има работа во клубот. Затоа, сојузот се сврте кон други решенија.
Чешките медиуми прво го споменаа Германецот Јирген Клинсман, потоа Турчинот Фатих Терим, кој е приватно близок со Недвед, но името на Славен Билиќ се појави како најголем кандидат.
Билиќ ја предводеше Хрватска до две Европски првенства, но сè уште не бил на Светско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

