Реал Мадрид се среќава со Манчестер Сити во дербито на колото во Лигата на Шампионите, а Чаби Алонсо се соочува со огромен проблем откако Килијан Мбапе поради повреда не е во можност да го стартува овој дуел.
Французинот не тренираше во последните два дена, „кралевите“ се надеваа дека тој ќе биде „фит“ за настап, но Мбапе вечерва сепак ќе стартува од клупата за резерви, со мали шанси да влезе во игра во второто полувреме.
Во негово отсуство шанса од самиот почеток ќе добие Гонзало, кој летово блескаше на клупскиот мундијал, а вечерва ќе добие можност и во ЛШ, како дел од напаѓачкото трио заедно со Бразилците Родриго и Винисиус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

