Доаѓањето на Момир Илиќ во Вецлар беше најавено како огромен чекор напред на овој клуб, во меѓувреме Филип Миркуловски беше принуден да го напушти будеслигашот откако новиот тренер реши со себе да го донесе сонародникот Јоровиќ како прв асистент, но оваа комбинација се покажа како вистинско фијаско.
Вецлар почна солидно, со пет бода по првите шест рунди, но потоа следеше неверојатна црна серија од 11 порази, по што имаше само едно возможно решение – заминување на тренерот кој не успеа да најде излез од огромната резултатска криза.
„Овој чекор е болен за нас како клуб. Момир заедно со Владан се вложија максимално за да ја свртат ситуацијата во наша полза, но фактот дека не успеаја е голем удар за сите во клубот. Имаме огромна почит кон Илиќ за неговата одлука самиот да си замие“, изјави директорот на Вецлар, Јасмин Чамџиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

