Фудбалерите на јужноамериканскиот шампион Фламенго ќе го предизвикаат европскиот првак Пари Сен Жермен во финалето на Интерконтиненталното првенство, откако вечерва во полуфиналето славеа против африканскиот шампион Пирамидс со 2-0.
Водство за Бразилците од 1-0 донесе Лео Переира уште во 24. минута. Конечните 2-0 ги постави поранешниот ас на Реал Мадрид Манчестер сити и Јувентус Данило во 52. минута.
Финалето е закажано за 17. декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

