Фламенго закажа големо финале со ПСЖ во Интерконтиненталниот куп

Фудбалерите на Фламенго се пласираа во финалето на Интерконтиненталниот куп, откако синоќа во полуфиналето во Ал Рајан ги победија Египетските пирамиди со резултат од 2:0.

Шампионот на Јужна Америка и Бразил ќе игра против европскиот шампион Пари Сен Жермен за трофејот на 17 декември. Францускиот тим освои директно учество во финалето на ова натпреварување.

Лео Переира во 24-тата минута и Данило во 62-та минута постигнаа голови за Фламенго против Пирамидис. Двата гола паднаа после прекини. 

Затоа, во среда, Фламенго ќе има шанса да го освои третиот голем куп за помалку од еден месец, но за тој подвиг ќе мора да го победи најтешкиот можен ривал.

Се вчитува...