Норвежанките ја победија Германија и се искачија на светскиот трон

Женската ракометна репрезентација на Норвешка стана нов есветски првак, откако во финалето во Ротердам ја победија Германија со 23-20.

Со оваа победа, Норвешка уште еднаш го потврди својот статус како најдоминантна ракометна нација во светот, обединувајќи ги титулите олимписки, светски и европски шампион.

Првото полувреме беше крајно неизвесно; Германките одиграа одлично и во еден момент имаа водство од два гола, а резултатот на полувремето беше 11:11. Во второто полувреме, Норвежаните ја засилија својата одбрана и заслужено победија. Најефикасни играчи во норвешкиот тим беа Хени Ела Рајстад и Тале Рушфелд Деила со по пет гола, додека најдобра играчка за Германките беше Алина Грајсилс со четири гола.

Со овој триумф, Норвешка го освои својот 21-ви златен медал на големите натпреварувања, од кои 19 во овој век, потврдувајќи ја својата доминација во женскиот ракомет.

Третото место и припадна на селекцијата на Франција, која со 33-31 ја совладаа селекцијата на домаќинот Холандија.

Се вчитува...