Бразил има апсолутна доверба во Карло Анчелоти

Искусниот италијански стратег Карло Анчелоти се очекува да ја продолжи соработката со бразилската фудбалска репрезентација до 2030 година и пред истекот на постоечкиот кој трае до крајот на Светското првенство кое ќе се одржи во 2026 година.

Анчелоти го превзема Бразил со едногодишен договор во мај оваа година, а раководството на федерација сака да му стави дознаење дека смета на него без разлика на резултатот кој ќе биде остварен на следниот Мундијал.

Трофејниот стратег досега го предводеше Бразил на осум натпревари забележувајќи четири победи, две нерешени средби и два порази.

Се вчитува...