Интер Мајами му донесе на Меси замена за Алба

Интер Мајами по освоената титула во МЛС првенството веќе започна со составување на респетабилен тим кој ќе се обиде да го одбрани шампионскиот трофеј.

Дел од тимот во новата сезона ќе биде Серхио Регилон, искусниот шпански фудбалер кој во минатото настапуваше за Реал Мадрид, Севилја, Тотенхем, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Брентфорд, а сега и официјално потпиша договор со тимот од САД до 2027 година со опција истиот да биде продолжен за дополнителна сезона.

Неговата задача ќе биде да го замени Џорди Алба, омилениот соиграч на Меси кој ја заврши кариерата со крајот на сезоната.

Се вчитува...