Штрајковите во професионалниот спорт вообичаено се поврзуваат со финансиски долгови кон играчите, па затоа изненадувачка е последната информација од Франција – каде ракометарите на Иври почнаа штрајк барајќи смена на тренерот.
Изненадувањето е уште поголемо ако се знае дека тренер во овој француски второлигаш е ракометната легенда Дидие Динар, некогаш најдобриот светски дефанзивец кој очигледно се мачи како тренер.
Тој извесно време беше и селектор на Франција, но по заминувањето од оваа функција кариерата му се движи во надолна лиија. Иври минатата сезона испадна во Втората лига, играчите гласно го посочија тренерот како главен виновник за неуспехот.
Она што е интересно, управата реши да го задржи Динар, но тренерот на стартот на сезонава реши да си земе боледување и не го водеше тимот во изминатите месеци. Ситуацијата во клубот е тензична, а ракометарите оваа седмица почнале штрајк инсистирање на негово заминување од Иври.
На потег е управата, која ќе треба да донесе тешка одлука…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

