ПСЖ по пенали до триумф над Фламенго за освојување на Интерконтиненталниот куп (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја завршија најуспешната година во историјата на клубот со уште еден трофеј откако славеа во финалето од Интерконтиненталниот куп на ФИФА против јужноамериканскиот шампион Фламенго по изведување на пенали со 3-1 откако во 120 минути игра беше нерешено 1-1.

Актуелниот европски шампион поведе со 1-0 со голот на грузискиот интернационалец Квича Квараскелија во 38. минута. Гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Жоржињо од пенал во 62. минута.

Во продолженијата двапати по 15 минути мируваа мрежите, а натпреварот замина во последниот чин, пеналите. Таму, Бразилците катастрофално ги изведуваа пеналите откако промашија дури три (Нигуез, Педро, Лео Переира и Луиз Араухо) што беше доволно за победа на „светците“ од 2-1.

PSG 1 – 1 Flamengo RJ: Penalty shootout [FIFA Intercontinental Cup Final]
byu/BackgroundMorning630 insoccer

 

Се вчитува...