ТРАГЕДИЈА ВО ЕКВАДОР: На улица ликвидиран фудбалер на Барселона и екс репрезентативец

Шокантна вест доаѓа од Еквадор. Поранешниот репрезентативец на оваа земја Марио Пинеида, беше брутално убиен во градот Гвајакил, а покрај него почина и непознато женски лице.

Иако се претпоставуваше дека е неговата сопруга, сепак, на крајот беше утврдено дека Пинеида во моментот на инцидентот стоел до непозната жена и неговата мајка, која била повредена во нападот.

Сцените кои доаѓаат од Гвајакил се навистина застрашувачки, а неговиот тим Барселона ја потврди ненадејната смрт на својот фудбалер.

„Барселона со длабоко жалење ја информира јавноста дека нашиот играч Марио Пинеида е убиен во нападот. Оваа ужасна вест длабоко нè вознемири сите нас кои сме дел од овој тим“, се вели во краткото соопштение на Барселона.

Полицијата започна истрага за убиствата, но засега нема информации за тоа кој би можел да биде сторителот ниту кој е мотивот.

Се вчитува...