Бразилскиот клуб Ботафого објави дека ја раскинува соработката со првиот тренер, Давиде Анчелоти, син на легендарниот Карло Анчелоти кој е селектор на Бразил. Тимот го напуштаат исто така и неговите асистенти, фитнес тренерот Лука Гера, како и помошниците Луис Тевенет и Ендру Манган.
Според бразилските медиуми, токму Лука Гера бил „каменот на сопнување“ меѓу двете страни. Анчелоти наводно се налутил за отказот на Гера од страна на клубот, и барал да му биде прекината соработката, односно инсистирал да остане целиот стручен штаб, во спротивно се закани со заминување.
Сепак, Ботафого му го раскинал договорот на Гера поради честите повреди на играчите. Наводно високиот интензитет на тренинзите бил причина за ваквите повреди, па клубот се одлучи да се раздели со Гера.
Анчелоти е тренер на Ботафого од јули 2025 година. Го водеше тимот на 33 меча во кој забележа 15 победи, 10 ремија и осум порази, и завршувајќи на 6-тото место на табелата.
Давиде Анчелоти долго време му беше помошник на својот татко Карло, кој од летото стана селектор на Бразил, додека Давиде се реши да почне самостојна тренерска кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

