Синот на Анчелоти ќе биде нов тренер на Бојан Миовски!?

Синот на Карло Анчелоти, младиот Давиде би можел да биде нов тренер на тимот на Ренџерс од Глазгов, каде настапува македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски.

Давиде Анчелоти, денеска ја заврши соработката со бразилски Ботафого,  а тимот го напуштаат исто така и неговите асистенти, фитнес тренерот Лука Гера, како и помошниците Луис Тевенет и Ендру Манган.

Според бразилските медиуми, токму Лука Гера бил „каменот на сопнување“ меѓу двете страни. Анчелоти наводно се налутил за отказот на Гера од страна на клубот, и барал да му биде прекината соработката, односно инсистирал да остане целиот стручен штаб, во спротивно се заканил со заминување.

Сепак, Ботафого му го раскинал договорот на Гера поради честите повреди на играчите. Наводно високиот интензитет на тренинзите бил причина за ваквите повреди, па клубот се одлучи да се раздели со Гера.

Анчелоти беше тренер на Ботафого од јули 2025 година. Го водеше тимот на 33 меча во кој забележа 15 победи, 10 ремија и осум порази, и завршувајќи на 6-тото место на табелата.

Давиде Анчелоти долго време му беше помошник на својот татко Карло, кој од летото стана селектор на Бразил, додека Давиде се реши да почне самостојна тренерска кариера.

Се вчитува...