Хорор во Колумбија: 59 повредени во жестоката пресметка меѓу навивачите (ВИДЕО)

Вистински хорор во колумбиски Меделин во дербито меѓу екипите на Атлетико Национал и Депортиво Индепендиенте.

Тотален хаос настана на стадионот ‘Атанасио Гирардо’, кој го делат токму двата клуба откако навивачите се впуштија во меѓусебна жестока пресметка, која на крајот заврши со 59 повредени.

Од полицијата во Колумбија соопштија дека е вистинска среќа што нема и жртви, затоа што по расчистувањето на ситуацијата на теренот се најдени голем број ножеви и остри предмети, палки и запаливи пиротехнички средства.

Се вчитува...