Глазгов Ренџерс е се подалеку од врвот на шкотската премиерлигашка табела откако тимот на нашиот Бојан Миовски загуби во дербито со лидерот Хартс со 2-0.
Македонскиот голгеер ја доби трката со времето и беше стартер во нападот на Ренџерс, во 10. минута дури и постигна гол со кој го доведе својот тим во водство, но со ВАР интервенција тој погодок беше поништен поради офсајд.
Хартс постигна два брзи гола во финишот од првото полувреме и заслужено стигна до победата со која оваа екипа се зацврсти на чело на табелата.
Глазгов Ренџерс почeсниот погодок го постигна во 94. минута преку Чермити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

