Еврогол за паметење на Ел Каби, Мароко тргна победнички на КАФ

Новото издание на Купот на Африкански Нации стартуваше со победа на домаќинот Мароко, кој славеше со 2-0 над селекцијата на Коморос.

Мароканците промашија пенал во првото полувреме, но сепак дојдоа до предност на стартот од второто полувреме преку Брахим Дијаз.

Вториот гол беше вистинско ремек-дело, Ел Каби со ножички стрелаше маестрално од десетина метри на воодушевување на марокански фанови кои не кријат дека очекуваат нивната селекција да се бори за титулата на овој турнир.

Се вчитува...