Дани Алвеш е решен да ја продолжи кариерата и на 42-годишна возраст. Проблемот што нема понуди на маса откако мина подолго време во затвор осуден за силување, Алвеш најде начин самиот да си го реши – купувајќи клуб во кој тој ќе биде и сопственик и играч.
Станува збор за Сао Жоао де Вер, тим од португалската трета лига за кој десниот бек покажал интерес уште пред еден месец, но според информациите од Бразил постигнат е целосен договор викендов, по што Алвеш во следните денови и официјално ќе стане сопственик на овој третолигаш.
Бразилецот нема играно активно фудбал уште од јануари 2023, но решен е да мине најмалку пет-шест месеци на терените, па веднаш по сопственичкиот договор тој ќе потпише и договор како играч на Сао Жоао.
Зад проектот стојат бразилски инвеститори кои планираат да изградат и нов стадион и да вложат во буџет за влез во втората, а потоа и во првата португалска лига, а Дани Алвеш би требало да биде заштитно лице на клубот во наредниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

