Ракометна Македонија тагува по долгогодишниот тренер Новко Георгиевски, кој почина денеска по долга борба со тешка болест.
Георгиевски своевремено беше и селектор на женската младинска репрезентација, и тоа на СП 2008 што се одржуваше во Македонија. Тој исто така беше предводник и на неколку женски тимови како што беа Стружанка, Кабран Амбалажа и Кале Кичево. Тој го водеше и машкиот тим на Куманово.
„Со тага ја примивме веста, почина Новко Ѓорѓиевски. Новко беше поранешен селектор на женската младинска репрезентација на Македонија, тренер на неколку женски клубови како и на женскиот клуб во нашиот град.
РК Струга упатува искрено сочувство до семејството и пријателите. Почивај во мир Новко! 😔“, објави РК Струга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

