Најбараниот португалски голман го продолжи договорот со Порто

Најбараниот португалски голман Диого Кошта, постигна договор со Порто за нова соработка до 2030 година. Чуварот на мрежата ќе стане најплатен играч во тимот, а неговата откупна клаузула ќе изнесува 75 милиони евра.

Кошта долго време е цел на големите европски клубови. Беше баран од Манчестер Јунајтед пред да го договори Сeне Лaменс, но до трансфер не дојде и тој остана лојален на „змејовите“, па дури се обрвза на нова соработка.

Сегашниот договор на Кошта истекува во 2027 година, меѓутоа раководството на Порто се одлучи да му понуди нов, кој бил прифатен, па сега чуварот на мрежата на португалската репрезентација останува верен на Порто и во следните пет години.

Кошта е производ на академијата на Порто, и не настапувал во друг тим. Одигра 218 меча за португалскиот гигант во сите натпреварувања. За португалската селекција има одиграно 42 натпревари.

Се вчитува...