Жан-Марк Босман, поранешниот белгиски фудбалер засекогаш ја смени историјата на фудбалот поради неговото правило. Босман не беше познат на теренот, меѓутоа поради неговата борба, денеска фудбалскиот пазар е многу интересен и возбудлив, а играчите поради него уживаат во милионите.
Неговата судска постапка околу правилата за трансфери во 1995 година, доведе до Босмановото правило со кое професионалните фудбалери може да одат во други клубови бесплатно по истекот на договорите, а може да преговара со други клубови на шест месеци пред истекот на договорот.
И додека некои поради ова правило уживаат во милионите, оној кој го донесе Босман денеска едвај преживува.
Некои медиуми во Белгија и Холандија пишуваат дека во последно време имало денови кога Босман останал без храна.
Дури неодамна, преку Синдикатот на фудбалери во Белгија беше покрената акција за собирање помош за Босман. Собрани беа пари за да се добијат пристојни услови за живот. Сепак, ситуацијата не се подобри кон крајот на годината.
Меѓу познатите фудбалери, помогна Хуан Мата, а потоа Адриен Рабиот и неговото семејство.
Босман одлучи да покрене судска постапка откако неговата кариера беше прекината во 1990 година токму поради поранешното правило. Тој имал 25 години кога требало да се пресели во францускиот клуб Данкерк, но неговиот тогашен клуб РФЦ Лиеж побарал 500.000 фунти за трансферот, иако неговиот договор бил пред истекување.
Откако неговиот трансфер не успеа, Босман одлучи да ја бара правдата преку судовите, а во 1995 година беше донесено правилото за слободни фудбалери пред истекот на договорот, кое исто така беше наречено Босманово правило.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

