Девојката на играчот од средниот ред на Ајакс, Марк Веркиј им подлегнала на повредите откако била удрена од автомобил. Инцидентот се случил во четвртокот во 17:30 часот по локално време меѓу градовите Еде и Венендал во покраината Утрехт.
21-годишната жена била удрена од автомобил и починала од повредите во болница. 54-годишната жена која го управувала автомобилот, избегала од местото на несреќата, но набрзо била приведена од полицијата.
Марк, кој игра за Ајакс, и натаму не дебитирал за првиот тим, но бил пред вратите да го има својот прв настап. Парот планирал да купи куќа во Амстердам, за да живеат поради настапите на играчот, кој во моментов се опоравува од повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

