Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар (33) успешно го оперираше левото колено, објави неговиот клуб Сантос. Поранешниот напаѓач на Барселона и Пари Сен Жермен беше подложен на артроскопија за лекување на кинење на медијалниот менискус.
„Операцијата беше успешна и играчот се опоравува добро. Операцијата ја изврши докторот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар, кој претходно го оперираше Нејмар“, стои во соопштението на Сантос.
Бразилскиот фудбалер многу наскоро ќе биде отпуштен од болница, по што ќе започне процесот на рехабилитација. Се очекува Нејмар да ги пропушти претсезонските подготовки на Сантос, кои почнуваат на 3. јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

