„Сидорф требаше да биде тренер на Партизан, но се премислив“

Партизан е рамо до рамо со Црвена Звезда во трката за титулата во Србија, но тоа пред се се должи на бројните „киксови“ на актуелниот првак.

Предраг Мијатовиќ беше прифатен со огромни симпатии како прв човек, но легендата се почесто ги разочарува навивачите. Тој во последното интервеју откри дека постигнал договор со Кларенс Сидорф да дојде на клупата на Партизан, но се пропаднало откако Мијатовиќ се премислил во последен момент.

„Кога дојдовме во клубот имав договор со Кларенс Сидорф тој да биде наш тренер, пред да го доведеме Срѓан Благојевиќ. На крајот сепак се премислив, се откажав бидејќи увидов дека во тој момент не бевме подготвени за странски тренер“, истакна Мијатовиќ.

Јавноста во Србија веднаш го потсети Мијатовиќ дека Сидорф можеби е фудбалска легенда, но воопшто не е успешен тренер и експресно добиваше отказ при сите ангажмани, од кои последен му беше како селектор на Камерун во 2019.

Се вчитува...